Ристе Стефановски, театролог, актер, хроничар на македонското театарско совремие, основач и долгогодишен директор на Драмскиот театар, директор на Македонскиот народен театар, автор на повеќе од 30 книги од историјата на театарот во Македонија е прогласен за HONORIS DOCTOR KAUSA на Универзитетот за Аудио визуелни уметности ЕФТТА Скопје-Париз-Есен-Ротердам.
Прогласувањето беше извршено во Куманово, за време на симпозиумот „Германската драма и тетар во Република Македонија“, во присуство на амасадорката на Германија во Република Македонија д-р Кристине Д. Алтхаузер, градоначалниот на Куманово Зоран Дамјановски, Емилија Бојковска- Томовска, шеф на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и бројни театарски дејци од Македонија и Германија.
Признанието, со пригодна беседа, му го врачи ректорот на Универзитетот Јордан Плевнеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст