Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека би било добро кога Вашингтон би успеал да пронајде заеднички јазик со Москва, но и лично со Владимир Путин. Зборувајќи за преговорите на државниот секретар во Москва, тој рече дека Рекс Тилерсон „завршил добра работа“.- Наскоро ќе разговарам со Тилерсон, мислам дека имаше многу супешни средби во Москва. Ќе видиме какви ќе бидат резултатите.
Исто така, Трамп изјави деја односите меѓу Русија и САД се наоѓаат на најниско ниво во историјата, но истовремено изрази надеж дека ситуацијата ќе се промени.
– Русија е многу силна земја и ние сме многу силна земја, ќе видиме како ќе се разбереме.
Трамп би сакал да мисли дека Русија не знаела дека бил планиран хемиски напад во Сирија иако смета дека тоа е многу возможно.
– Би сакал да мислам дека Русија не знаела за тоа ништо, иако е многу можно да знаеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.