| четврток, 6 декември 2018 |

Вака се сака снаа! Свекорот закупи билборд за добредојде на новата снашка

Вака се сака снаа! Србинот Милош Стојановиќ од Крагуевац за својата руска снаа, дваесет и шест годишната Олга Москаленко постави билборд за добредојде.

„Добредојде Олга“ („Olga, dobro nam došla“) – стои на билбордот.

Kragujevac-bilbord-za-snaju-iz-Rusije-3

За српските медиуми раскажува дека Олга била избезумена кога го видела билбордот некое време. Дури и заплакала.

Не ми беше намерата само да ја израдувам снаата, билбордот е дел од мојот таен план. Знам дека жената е онаа што кажува каде фамилијата треба да живее, а јас сонувам мојот Вук да се врати назад во Србија. Желба ми е да и покажам на Олга дека таа е добредојдена во моето срце, да го видат тоа и нејзините родители, а за поширокото семејство од Русија испланиравме повеќе дневна прошетка низ Србија по свадбата – вели Милош Стојановиќ.

Kragujevac-bilbord-za-snaju-iz-Rusije-4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top