Во 58. година од животот денеска почина Чарли Марфи, постариот брат од популарниот холивудски глумец Еди Марфи, јавуваат американските медиуми.
Чарли подолго време боледуваше од леукемија.
Слично како и неговиот помлад брат и Чарли беше доста популарен стенд ап комичар, а неговата смрт ја шокираше јавноста и фановите.
Неговиот менаџер за ТМЗ потврдил дека Марфи починал по долгата борба со болеста и кажал дека во последните денови бил целосно исцрпен од хемотерапијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.