Кумановци и оваа вечер се приклучија на маршот на иницијативата „За заедничка Македонија“ и упатија пораки за зачувување на унитароста на Македонија и отфрлање на тиранската платформа.
Граѓаните поминаа по централите градски улици и булевари, пеејќи македонски патриотски песни и извикувајќи Македонија. Маршот како и претходните вечери заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ каде пред насобраните се обрати Љубиша Јовановски.
Тој упати пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и рече дека не може да разбере што толку пречи во македонската химна која, како што рече, се настојува да се прмени со тиранската платформа.
– Сите стихови во химната се однесуваат не само на Македонците, туку и на сите граѓани кои живеат на ова парче земја, рече Јовановски и им се заблагодари на граѓаните што 45 дена протестираат и ја поддржуваат иницијативата „За заедничка Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.