Откако застана на музичката сцена, Здравко Чолиќ стана миленик на жените.
Поради обожавателките кои го следат во чекор, пејачот за време на богатата кариера имал многу непријатности. Една од нив ќе ја памети цел живот.
Имено огнена обожавателка отишла толку далеку што ја нападнала неговата сопруга Александра со нож и ја исекла по лицето.
-Многу нешта минав и доживевав во животот. Еднаш мојата сопруга ја нападна некоја обожавателка и и го исече лицето. Сандра се тргна навреме, па малку ја закачи, без поголеми последици.Тоа беше одамна, но и ден денес се сеќавам на тоа. Жена ми немаше некои други непријатности, бидејќи не се експонира во јавноста, а и сметам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста – рекол Чолиќ.
Тој објаснил дека во овој случај среќа во несреќа е тоа што неговата сопруга не е љубоморна, па драмата брзо се завршила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.