Царинската управа на Република Македонија денеска одбележа 25 години од своето постоење.
Директорката на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска го потенцира задржувањето на 27 место на Република Македонија кај индикаторот Услови за прекугранично тргување помеѓу 190 земји во светот во најновиот извештај Doing Business.
– Во 2016 година вкупно беа остварени приходи во износ од 72,9 милијарди денари, што е за 8,5 отсто повеќе од остварените приходи во 2015, а за 5,5 отсто повеќе во однос на планираните приходи за 2016 година. Успешно реализирани беа два твининг проекти: „Хармонизација на законодавството и постапките со законодавството и добрата практика на ЕУ во областа на акцизите“ (ИПА 2010) и „Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока“ (ИПА 2010), рече Радеска-Крстевска.
Министерот за финансии Кирил Миноски им го честиташе јубилејот на царинските службеници и истакна дека со текот на годините, покрај промените и предизвиците кои се случуваа во општеството и економијата, Царинската управа успеа да се развие во една модерна и ефикасна институција.
На одбележувањето присуствуваа претставници од Владата, дипломатскиот кор, претставници на науката и бизнис заедницата и други соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.