| четврток, 6 декември 2018 |

Чолиќ: Обожавателка ми ја нападна сопругата со нож

Здравко Чолиќ е ѕвезда која најретко од сите дава интервјуа, па со самото тоа кога и да го направи, тоа, што ќе го раскаже, привлекува големо внимание.

cola-520x398

Така беше и сега, кога Чола говорејќи за својата кариера за тоа што се доживеал во кариерата, раскажа и за една непозната приказна за неговата жена Александра за која инкау воглавно не говори многу.
Како што рече, за цела среќа по Сандра, немала никакви последици, кога во една прилика, негова обожавателка ја нападнала со нож.

-Многу имам поминато и доживеано во животот. Еданш мојата сопруга беше нападната со нож од некоја моја обожавателка и ја исече по лицет. Сандра се повлече, но таа малку ја закачи, за среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но и до ден денешен се сеќавам на тоа. Мојата жена други поголеми непријатности немала, но не се експонираше, не е тој тип, а и сметам дека жената и децата треба да бидат подалеку од очите на јавноста, изјави Чола.

Како што објасни, во овој случај, среќа во несреќа било тоа што неговата законска сопруга не била љубоморна, па драмата брзо заврши.

-Мојата сопруга реагираше како што треба. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно делува на неа. Таа тоа го доживува како нешто добро и убаво, како нешто што претставува дел од мене. Таа публика со години е со мене, и ме поддржува во тоа што го работам. Верувам, дека може да и биде само драго поради тоа, раскажа пејачот.

Да потсетиме, Здравко и Александра се венчаа во 2001 година, а во бракот ги добија ќерките Уна и Лара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top