| четврток, 6 декември 2018 |

За која работа сте родени?

Доволно е да одговорите на следните прашања и ќе ви биде појасно каква работа ви лежи на вас.

Како што веројатно не сакате да го поминете целиот живот покрај лицето кое не го сакате, исто така е и со работата. Внимателно и темелно избирајте го она во што во секоја секунда ќе уживате.

Животниот тренер Лаура Риордан, ве советува како да направите листа која ќе ви помогне да ги увидите предностите и мааните на работата која би сакале да ја работите.

Риордан го препорачува следното: „Започнете така што ќе издвоите време само за себе и ќе им се посветите на креативните идеи“. Замислете ја работата на која ќе и бидете посветени и во која стопроцентно ќе се ангажирате. Потоа, тврди таа, потребно е да си поставите на себе си неколку прашања…

1. Како изгледа вашиот идеален ден?

2. Како според вас би требало да изгледа идеалното опкружување за работа?

3. Со кој, каде, кога, сакате да работите?

4. Дали повеќе сакате индивидуална работа или работа во група?

5. Дали би сакале повеќе да работите во природно опкружување или во луксузна канцеларија?

6. Колку можете да и се посветите на работата?

7. Колкава флексибилност на работа сакате да имате и колку ви е потребна?

8. Колку далеку би можеле да патувате поради работата?

9. Дали сакате да работите на некој проект или под договор?

10. Дали сметате дека би требало да ја оставите работата на страна, кога ќе дојдете дома?

Одговорите ќе ви покажат со која работа всушност треба да се бавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top