Кога ќе се спомене магазинот „Плејбој“ никогаш не би рекле дека ваков сериозен бренд некогаш на себе си би си дозволил грешка која скапо ќе ја плати!
Имено, пред 13 години во март излезе третиот број на српско издание „Плејбој“, а на таа насловна страна, се ѕвереше и Србија, но и целиот регион.
Жената која гола осамна на насловната страна беше пејачката Гога Секулиќ, како што тогаш тврдеа во „Плејбој“ и тоа со насловната „Гола и опасна… Гога Секулиќ е подобра од Цеца“. Но, тоа воопшто не беше Гога Секулиќ. Пејачката тогаш мина низ невиден пекол, особено што потоа поднесе тужба против „Плејбој“.
Гога излезе на вештачење, за да докаже дека таа жена на насловната страна не е таа, туку личноста која во тој период исклучително личела на неа. На крајот, пејачката го доби спорот, поради што „Плејбој“, ја изгуби лиценцата, а казната која мораа да ја платат изнесуваше милион динари!
Гога за Телеграф се присети на овој случај, велејќи дека тој период за неа бил повеќе од стресен.
-Да, тоа излезе во март. Се сеќавам, сите ме викаа, моите родители беа шокирани! Ја барав тогаш таа девојка, за да докажам дека тоа не сум јас, а потоа излегов на вештачење. На крајот ги добив на суд и ја изгубија лиценцата. Одштетата која судијата ја пресуди дека мораат да ја исплатат во тој момент беше најголема во историјата“, вели Гога за Телеграф.рс.
Судењето траело 9 месеци, а на суд е докажано како објавените фотографии не ја прикажуваат Гога, со што се повредени угледот и честа на Секулиќ.
-Никој досега не добил волакава одштета во историјата на судството! Ни за убиството на Џинџиќ. Јас само можам да му се заблагодарам на Бога што правдата конечно победи. Ја одбранив својата чест, но ни овој милион не може да ми го надомести изгубеното. Ми отиде гласот, ми отиде честа, ми отидоа живците, а и 20 пати повеќе да ги добиев парите, не би ги надоместила сите трошоци и штета која луѓето од „Плејбој“ ми ја навлекоа на вратот“, изјави Гога во 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст