Православната црква и верниците денеска ја одбележуваат Велика Среда, еден од најзначајните денови од Неделата на страдањата.
На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници.
Во тек е Страсната недела, а порано овие налози на црквата ригорозно се применувале. Во текот на оваа недела се пости, забрането е перење, веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците.
Се верувало дека децата зачнати во овој период ќе добијат „фрас“ (уплав).
Според обичајот треба да се бере здравец, претежно од децата, а на Велики петок треба да се раздава за здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати