Нема да помине обидот на шверцерски начин да се протне тиранската платформа во политичкиот систем, порача Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“.
-И денеска имаше обид тиранската коалиција да го прекрши Деловникот на Собранието, меѓутоа се поколебаа и не би рекол дека покажаа разум, бидејќи ако покажуваат разум треба да речат – нема да формираме Влада согласно документ што не е гласан од граѓаните на избори. Ниту еден граѓанин на Република Македонија не гласал за тиранската платформа. Согласно тоа, не е фер и нема да пројде обидот на шверцерски начин да се протне истата во нашиот политички систем. Срамота е нешто што е креирано во друга држава да ни се наметнува како политика. Срамно е и без да навлегуваме во суштината на документот, но доколку навлеземе има уште повеќе причини да бидеме загрижени – рече Илиевски.
Во денешното „Отворено студио“ на ТВ „Нова“, на тема „Ќе успее ли народот да ја спречи тиранската платформа“ гостуваа организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст