Жителите на Крива Паланка и вечерва по триесетти пат се приклучија на протестниот марш што го организираше граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Ги повторија пораките за зачувување на единствена, унитарна Македонија и кажаа дека се против т.н. тиранска платформа.
– Ние Македонците сме трпелив народ. Со верба и трпение сме опстоиле низ вековите, а со непокор и почит кон предците сме докажале дека истрајноста е наша силна страна. Истрајни и сега нема да потклекнеме пред темното зло кое се надвиснало, светлината ќе го победи сивилото и нашиот јазик – наш код ќе опстои – рече Благоротка Стојчевска, поетеса и член на Здружение на пензионерки од Крива Паланка.
Граѓаните масовно излегоа на улиците. Се маршираше од поранешен Далфис, низ Старата градска чаршија, долж главната улица „Свети Јоаким Осоговски“, до плоштадот „Карпошово востание“ кај зградата на локалната самоуправа.
Граѓаните мирно се разотидоа и најавија дека маршевите продолжуваат сѐ до отфрлање на т.н. тиранска платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


