| четврток, 6 декември 2018 |

Изет Меџити, еден од најлошите градоначалници на ДУИ: Новото мнозинство мора похрабро да дејствува во Собранието

Пратениците на парламентарното мнозинство треба да бидат похрабри при конституирањето на новото парламентарно мнозинство, вели потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во интервју за Алсат М,

Меџити вели дека ДУИ го затворила поглавјето со ВМРО-ДПМНЕ, која, според него, тешко ќе најде коалиција кај Албанците ако продолжува со поттикнатата реторика во меѓуетничките односи.

– Субјектите кои го прават новото парламентарно мнозинство да влезат храбро бидејќи крајот на краиштата, Македонија е парламентарен систем, нема нешто над парламентот и одлуката на граѓаните, има доволно 67 пратеници, треба да се оди храбро кон избирање на претседателот на Собранието, конституирањето на органите на Собранието и формирањето на владата – изјави Изет Меџити

Што подразбирате под тоа „храбро“?

– Сфаќам дека не е лесно. Ако нешто сфатиле граѓаните е дека не било лесно соочувањето со ВМРО-ДПМНЕ и со оваа раководна структура бидејќи тоа го сфатила и меѓународната заедница дека нема да и биде лесно комуницирањето и менаџирањето со ВМРО ДПМНЕ, значи не беше проблем само на ДУИ. Ова е уништување на демократијата, задушување на демократските процеси, пуч кон државните институции и мислам дека тука веќе нема никаква причина за да се слуша оваа реторика на ВМРО ДПМНЕ. Дури, од тука треба да праќаме порака, не дека само сега ВМРО-ДПМНЕ не може да прави коалиција со албанските партии туку со оваа националистичка реторика се доведува во опасност да се изолира целосно во среднорочно и долгорочно од албанските политички субјекти.

Значи поглавјето со ВМРО-ДПМНЕ е затворено?

– Јас мислам и убеден сум дека е затворено.

Ова е само ваше мислење или е одлука на партијата?

– Не сакам ниту да размислам за друга алтернатива затоа што другата алтернатива би била фатална за ДУИ, но нема да биди и за доброто на Албанците во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top