Граѓаните на Куманово и вечерва дадоа поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Порачаа дека се за унитарна и суверена држава и повторно кажаа „НЕ“ за двојазичноста и дебатите кои се вовед во промена на знамето, химната и грбот на Република Македонија.
Кумановци маршираа низ централните градски улици и булевари, пеејќи македонски патриотски песни, и ги повикаа граѓаните да застанат на браникот на татковината.
Говорниците упатија пораки да се зачуваат уставот на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, да не се менуваат химната и знамето, да не се менува јазикот и се што ја чини, како што рекоа, суштината на унитарна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.