| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Да се отфрли Тиранската платформа и да се распишат избори

Организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ и луѓето кои се таму велат дека ќе протестират до моментот додека не биде отфрлена Тиранската платформа, а се бара отфрлање и од страна на луѓето кои се кандидираат за врвни функции во Република Македонија, истакна политичкиот аналитичар Александар Пандов во анализа за политичката ситуација во информативниот блок на ТВ НОВА.

-Во моментов во Собранието се избира комисија којашто ќе предложи претседател на Собранието, што по Устав е втора функција по важност. Луѓето кои се излезени на улица не сакаат да слушнат за Тиранска платформа што е носечка платформа помеѓу СДСМ и Албанските партии, главен услов за потписи. Секој од потписниците од страна на Албанците тврдеше дека ултимативно било разговарано со Заев, Шекеринска и Шилегов за платформата и добиле позитивни сигнали од СДСМ, односно добиле уверување дека точка по точка ќе го спроведат сето она што можат да го спроведат. Протестите се оправдани и верувам на крајот СДСМ и Заев ќе мора да се повлечат од таа Тиранска платформа, а како крај на оваа криза мораме да дојдеме до нови избори. Не постои земја во светот, политичка криза што не завршила со вонредни избори. Резултатите од 11-ти декември, дополнително зајакнати со Тиранската платформа укажуваат дека мораме да излеземе на нови избори“, истакна Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top