| четврток, 6 декември 2018 |

Ременски со полициска моторола уловен на протестот „За заедничка Македонија“ (ФОТО)

Сопругот на Фросина Ременски од СДСМ, Јовче Ременски, денеска маршираше заедно со граѓните кои ја поддржуваат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, но не како противник на разнебитувачките политики на неговата партија, туку како полициски службеник.

Дали кадарот кој експресно и чудесно напредуваше во времето на поранешниот технички министер Оливер Спасовски, сопругот на неговата колешка, поранешната течничка министерка  Фросина Ременски, ја злоупотребува позицијата која ја доби во МВР за да ги следи граѓаните од „За заедничка Македонија“, кои веќе 44 дена мирно и достоинствено застануваат на браникот на татковината?

Додека беше технички министер во МВР, Спасовски на ден пред Нова година скандалозно го унапреди Јовче Ременски за четири нивоа.

Без интерен оглас Спасовски одлучи спротивно на Законот за внатрешни работи да го унапреди сопругот на сопартијката за цели четири позиции. Јовче Ременски од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба со 720 бода беше распореден на позиција генерален советник – инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што беше незаконски скок од четири нивоа, односно уривање на целиот систем за кариера во МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top