Дел од медиумите излегоа со лаги и дезинформации за димпломата на директорот на ЈП Водовод, Александар Атанасов.
Вистината е дека лага се тврдењата дека неговата диплома е фалсификат. Имено, Атанасов поседува валидна диплома од New York College од Солун, кој се вбројува во еден од најдобрите универзитети во светот во моментот кога Атанасов дипломира, дел од Empire State College на New York University.
Атанасов завршил на овој универзитет во 2007-ма година кога се вратил во Македонија и бил впишан во Агенцијата за вработување на позиција со високо образование, што значи и самите институции ја легитимирале и впишале како валидна.
Во досегашното негово функционирање, никогаш институциите не го проблематизирале прашањето со неговата диплома. Тој е магистрант на Машинскиот факултет во Скопје, каде за прв пат му била посочена потребата за нострификација. Атанасов ја започнува таа процедура при што истата е во тек.
Нападот против Атанасов е политички мотивиран и доаѓа пред се’ поради неговите успешни резултати во работењето на јавното прептријатие кое бележи успешни биланси.
Реагираше и Синдикат во ЈП Водовод и канализација- Скопје
Ние како Синдикат во ЈП Водовод и канализација – Скопје имаме извонредна соработка со г. Александар Атанасов. Во овие 2.5 години сите наши барања во насока на подобрување на условите за вработените се ислушани. Се обнови возниот парк, се набави нова механизација, само за ХТЗ опрема за вработените во овие години се вложени 20 милиони денари, се набавија и нови униформи за инкасаторите и шалтерските работници итн.
Овие последни 2-3 години за повеќе пати е подигната безбедноста на вработените и условите во кои работат. Има дисциплина која во минатите години ја немаше, се почитуваат правилата и прописите. На некои тоа не им одговара, односно би кажале на не работниците, кои биле во ЈП Водовод и канализација – Скопје и кои со своето не залагање и не работење биле товар на претпијатието, Град Скопје и граѓаните.
Луѓето во ЈП Водовод и канализација – Скопје не се делат на партиска или национална основа туку на работници и не работници. Истите биле повеќе пати опоменувани и им била дадена шанса повеќе пати да го подобрат своето однесување кон работата. ЈП Водовод и канализација – Скопје има обврска пред граѓаните да ја добијат најдобрата можна услуга од наша страна и да водиме сметка нашите вработени да си ги исполнуваат работните задачи. Никој не е казнет или отпуштен од работа без докази, изјави од самите граѓани и сите процедури кои следат. Ние и понатаму нема да дозволиме некој да не работи, на товар на тие што работат и на грбот на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст