Младиот Алекс од Шведска живее живот каков што многу посакуваат- нема работно време од девет до пет, туку го шета светот. Шведскиот номад, како што го нарекуваат има свој блог каде што ги споделува импресиите за местата кои што ги посетил, меѓу кои е и Македонија.
Во 2010 година решил да ја напушти Шведска и да почне да патува. На почетокот работел на Канарските острови и на Родос, за подоцна да почне да патува и да заработува од патувачкиот блог кој го пишува. Се што ви треба за да заработувате на ваков начин е да го пренесете вашето искуство од патувањето на блогот и секако да најдете добар WiFi сигнал за да се конектирате каде и да сте. Алекс ги советува сите кои сакаат адреналин и авантура во животот да ја пробаат оваа „професија“ и да уживаат, наместо да работат во стандардно работно време во канцеларија. Тој дури и ги повикува сите кои се заинтересирани да му пишат на неговиот блог- https://www.swedishnomad.com/
Алекс поминал доста време и во Македонија. За нашата земја има напишано дури неколку статии во кои има само пофални зборови за убавините на Македонија.
Текстот со наслов-„ 15 причини зошто да ја посетите Македонија“ е еден вид на прирачник за странски туристи во кои ги советува што би требало да прават и што да очекуваат кога ќе дојдат овде. Во 15-те причини, Алек ги набројува виното, природата, богатата историја, љубезноста, вкусната храна и секако пристапните цени. (https://www.swedishnomad.com/why-you-should-visit-macedonia/)
Покрај овој текст, тука се и останатите статии:
„10 интересни факти за Македонија“ ( https://www.swedishnomad.com/facts-about-macedonia/)
„7 причини зошто ќе ја засакате Македонија“ (https://www.swedishnomad.com/7-reasons-to-love-macedonia/)
„10 работи кои може да ги правите во Скопје“- ( https://www.swedishnomad.com/top-things-to-do-in-skopje/)
извор: македонија денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.