| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Со владините мерки вработени 43.000 лица, годинава уште 10.000

gruevski

Оперативните мерки за вработување се одвиваат без проблеми и покрај политичката криза и само оваа година со овој план се предвидуваат нови 10 илјади вработувања што заедно со претходно реализираните 43.000 ќе достигнат вкупно 53 илјади вработувања, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на официјално отворање на нова инвестиција за одгледување и преработка на медицински канабис во Скопје.

– Заедно со проектот „Македонија вработува 2“ ќе имаме околу 10 илјади нови работни места од оваа оперативна програма само во оваа година. Засега работите одат добро и нема некоја загриженост околу нејзиното спроведување. Граѓаните се оние коишто се заинтересирани за оваа програма, добро се запознаени, редовно ги посетуваат просториите на Агенцијата за вработување и работие се одвиваат според замисленото. Средства во буџетот се обезбедени и се користат. Така што оваа бројка од 53 илјади вработувања е многу сериозна бројка од само еден оперативен план, кој секоја година се промовира и проширува, односно се надградува и се реалзира, рече Груевски на новинарско прашање за спроведувањето на оперативниот план за вработувања на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top