Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и претседател на Законодавниот дом.
На почетокот и на 11. продолжение на седницата, СДСМ побара пратениците да преминат на четвртата точка од дневниот ред – избор на претседател на Собранието. Со тоа не се согласува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека тоа е спротивино на Деловникот. Тие инсистираат најпрвин да се исцрпи расправата за третата точка – избор на Комисијата за прашања на изборите и иманувањата.
Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски рече дека досега на оваа седница се потрошени 528 минути за реплики, 171 минута за контра реплики и 1.272 минути за процедурални забелешки.
Петре Шилегов од СДСМ се повикува на членот 78, став 2 од Деловникот кој предвидува можност за измена на дневниот ред. Тој потсети дека Оливер Спасовски побара да се прекине претресот по третата точка од дневниот ред и да се расправа по точката број 4, а кога ќе заврши расправата по оваа точка да се продолжи со претресот по третата точка.
Вељаноски рече дека според членот 80 од Деловникот измена не може да се прави додека трае претрес по одредена точка.
Пратеничката Ѓулмсер Касапи од коалицијата на СДСМ побара од Вељаноски да ја води конститутивната седница како што треба, односно да биде свечена, мирна и кратка и да создаде услови да се избере претседател на Собранието.
– Оваа седница требаше да биде свечена, мирна и кратка и на истата да се изберат претседателот и членовите на Комисијата за избори и именувања, да се избере претседателот на Собранието на РМ и да заврши. Немате право се уште да сте на местото претседател и да дозволувате пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не малтретираат нас и граѓаните кои ја следат седницата со празни дискусии, рече Касапи.
Таа побара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дозволат да се формира владата и како што рече, да сфатат дека се опозиција.
Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека никој нема право да и го одземе правото на збор, реплика и контрареплика.
– Ѓраѓаните сите нас не избрале да говориме и да ги пренесуваме нивните ставови од оваа говорница. Затоа колеги откажете се од вашите процедурани забелешки и ние ќе се откажеме и да почне седницата со нормален тек, рече таа.
Според Ласовска, пратениците од СДСМ го прават ова затоа што не сакаат да се дискутира за тиранската платформа. – Тиранска платформа има и таа е единствениот услов за формирање владино мнозинство. Ова не е моја изјава, ова е изјава на челниците на ДУИ и на сите пратеници од албанскиот блок, истакна Ласовска.
Претседавачот Вељаноски побара од пратениците да се откажат од процедуралните забелешки, од реплики и контрареплики за да може да се дојде до гласање по третата точка, да се продолжи со четвртата точка и да заврши конститутивната седница.
Тој даде кратка пауза по која пратениците ја продолжија расправата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст