Рахмат Акилов, осомничен дека со камион влета во маса луѓе во центарот на Стокхолм, при што загинаа четири лица, а 15 се повредени, призна дека направил кривично дело тероризам, изјави денеска неговиот адвокат Јохан Ерискон.
– Неговата позиција е да го признае кривичното дело тероризам и прифати притвор поради тоа – рече Ериксон на рочиштето на кое судот треба да одлучи дали осомничениот треба да остане во притвор.
Шведската полиција претходно го идентификува осомничениот како 39-годишен маж од Узбекистан. Од полицијата наведоа дека тој бил познат по тоа што покажувал симпатии кон екстремистичките организации, вклучувајќи ја и Исламската држава.
Како што се наведува, осомничениот барал постојано место за живеење во Шведска, но бил одбиен поради што властите го барале поради депортирање, јавија агенциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.