Македонскиот мермер е квалитетен и ценет во светот, а со користење на соодветна современа технологија за обработка, тој може да биде уште поконкурентен на странските пазари.
За таа цел денеска во Скопје претставници на 28 фирми концесионери на мермер присуствуваат на презентацијата на италијанската технологија на обработка на мермер што ја организира Италијанската агенција за промоција на надворешната трговија при Амбасадата на Италија.
Според Раимондо Ловати од Здружението на италијански производители на опрема за екстракција и обработка на камен, со подигнувањето на квалитетот на обработката на македонскиот мермер им се дава можност на македонските производители да бидат уште поконкурентни на пазарите во странство.
– Македонската индустрија за мермер има огромен потенцијал и со користење на адекватна технологија, македонскиот мермер може да биде уште поконкурентен на странските пазари, истакна Ловати.
Од Италијанската агенција за промоција на надворешната трговија при Амбасадата на Италија велат дека македонските компании уште минатата година за време на Саемот во Верона пројавиле интерес за воведување нови технологии во обработката на мермер.
– На презентацијата имаме 28 фирми од Македонија кои се концесионери на рудници за мермер. Планирани се да се одржат 80 тет-а-тет средби што уште еднаш го потврдува интересот на македонските компании за италијанската технологија која би овозможила да се оптимизираат производствените процеси и да се достигне производство, поголемо по квалитет и поконкурентно на странските пазари, изјави Чинциа Бруно, директорка на Италијанската агенција за промоција на надворешна трговија со Амбасадата на Италија – (ИЧЕ).
Италијанскиот амбасадор Карло Ромео, кој присуствуваше на презентацијата, истакна дека Македонија располага со белиот мермер којшто е многу редок ресурс, а од друга страна пак Италија е лидер во производство на технологија за обработка на мермер.
– Се надевам дека од денешните средби може да произлезе квалитетна соработка и евентуално нови инвестиции во технологија. Италијанскиот и македонскиот продуктивен систем се комплементарни со оглед на тоа што и двата се базираат на мали и средни претпријатија, истакна Ромео.
Италија извезува опрема за обработка на мермер во 120 земји низ светот, а главни извозни партнери и се САД, Кина, Шпанија, Индија, Турција… Минатата година извозот на опрема за обработка на камен од Италија достигнал една милијарда евра.
Трговската размена меѓу Македонија и Италија минатата година е подобрена, односно Италија од шести станува петти трговски партнер на Македонија.
Македонскиот увоз на технологија од Италија во секторот за мермер во последните две години двојно се зголеми достигнувајќи 1,1 милиони евра во 2016 година. Од Италија најмногу се увезуваат машински пили и дијамантски точила.
Според Државниот завод за статистика, во периодот од 2012 до 2016 година македонскиот извоз на мермер и гранит во странство е зголемен над 30 отсто, а во 2016 година надмина 20 милиони евра. Преку 74 проценти од извозот на овој сектор отпаѓаат на мермер и травертин сечени во ленти до 4 сантиметри, а 12 проценти се однесуваат на обработен мермер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст