| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот генерал Мекгваер во посета на Македонија

timoti

Заменик-командантот на Копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Тимоти Мекгваер престојува во официјална посета на Република Македонија и на Армијата на Република Македонија на покана на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

За време на посетата, генерал-мајор Мекгваер ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Јоевски и со неговиот домаќин генерал-потполковник Величковски.

Тема на разговорите за време на работната посета во ГШ ќе бидат досегашното учество на заеднички вежби и обука помеѓу АРМ и претставници на Копнените сили на САД за Европа, како и учество на АРМ на меѓународните вежби поддржани од Копнените сили на САД за Европа во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top