Благодарение и на успешната кампања која што за него ја водеа неколку веб портали победник во анкетата на „Република“ за најзгоден новинар е уредникот на Алсат – М телевизијата Мухамед Зекири.
Од вкупно 1073 гласа Зекири освои 304 или 28 % од гласовите. На второ место со 231 глас или 22 % од гласовите е синоокиот главен и одговорен уредник на вестите на прва Горан Петревски а на трето место е струшкиот шармер Горан Трпеновски од Вест со 163 гласови или 15 %.
Тринаесет проценти или 139 гласови освои уредникот и водител на вестите на Телма.
На листата на најзгодни новинари уште се најдоа и Александар Манасиев од Дневник, Гоце Михајловски од Тв 24 Вести, Драган Антоновски од магазинот НИЕ и Љупчо Цветановски кој и покрај првичното водство не успеа да победи во анкетата.
Се разбира анкетата нема никаква научна вредност. Кој сака да ја разбере како забава добрдојден е исто како и тие што сметаат дека има некаква релевантност.
Следната анкета на насловната страница на „Република“ ви нуди 9 кандидати за најзгоден новинар во категоријата над 115 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.