| четврток, 6 декември 2018 |

Нападната сопругата на актерот Тони Михајловски

Aлександра Михајловска, сопруга на актерот Тони Михајловски, денеска била нападната на скопскиот плоштад од три машки лица.

– Денес, тројца фраери, најверојатно од бањатите, урбаните, борци за слобода, шарени револуционери, платформаши, у секој случај буљаши, ја нападнале жена ми на плоштад. Само заради тоа што ми е сопруга. Ја навредувале. Храбро. Тројца.  Не знам зошто ова го пишувам овде. Најверојатно за, евентуално, да прочита некој од нив. Па ако тоа се случи, “мажишта”, на мене кажете ми се што сакате. Повелете кога сакате и каде сакате, напиша Михајловски на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top