Турските сили за безбедност убиле над 7.000 членови на Курдската работничка партија (ПКК) откако пропадна прекинот на огнот во јули 2015 година, изјави денеска турскиот министер за одбрана Фикри Исик.
Податоците се објавени само шест дена пред референдумот за зголемување на надлежностите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Исик изјави дека властите привеле 3.020 милитанти од ПКК, организација која Турција, ЕУ и САД ја сметаат за терористичка.
Меѓународната кризна група која има исто така податоци за жртвите, наведува дека досега се убиени најмалку 1.133 милитанти од ПКК од јули 2015 година. Во тој период убиени се и најмалку 390 цивили, како и 897 припадници на турските сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст