| четврток, 6 декември 2018 |

Како функционира софверот за шпиунирање на интернет – исповед на еден хакер

Одличниот познавач на случувањата на интернет кој што на форумите и социјалните мрежи е познат под никот Canc3 R на форумот Емагаре открива како функционираат софверите со кои што преку телекомите во светот се врши мониторинг и шпиунажа. 

FinFisher e програм кој според своите креатор Gamma International, е опишан како “Governmental IT intrusion and remote monitoring solutions” најмногу се прочу во јавноста кога се откри дека египетската влада има договор со Gamma Int. Што прави ова чудо и како се користи подолу. Интересна работа е како пишува Governmental, а пред се го користат најбогатите фирми во повеќето земји обично блиски до владите или тајните служби на одредени држави.

Околу неговите можности евен еден фајл кој е маркетиншки материјал од таа фирма која објаснува што може оваа апликација:

И еден видео материјал исто така украден:

Да напоменам работи на сите можни оперативни системи, исто така функционира и на black berry. Интересна работа е што вика мониторирање на енкриптирани комуникации бидејќи сум бил сведок на апсења за кои нема баш логичен одговор како биле фатени, а од друга страна изгледа премногу добро(за разузнавачките служби) за да биде вистинито.
Тука ги имате сите работи кои ги нудат Gamma Int.

Сега да го видиме од наша гледна точка…

Прва работа што треба да се заклучи: Да, точно е дека полицијата може легално, со налог да ве прати преку интернет провајдерите, тие се должни да и пратат интерфејс, со тоа тие „можат“( каде како) да видат што влегува и излегува на одредена IP адреса. Но тоа не не интересира, нас не интересира дали некој нас може да не прати без дозвола дали тоа било да е влада, компанија или трети лица со FinFisher FinSpy итн.

продолжува

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top