Двајца жители на тетовско Старо Село биле приведени од тетовската полиција откако во видливо алкохолизирана состојба вооружени со пиштоли што нелегално ги поседувале и лажно претставувајќи се како инспектори во МВР побарале пијалоци и ги легитимирале гостите во угостителски објект во селото Копанце, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Лицата М.Ј.(68) и Д.С.(30), како што додаде Јосифоски, биле приведени околу два часот по полноќ, по што од М.Ј. бил одземен пиштол „Застава магнум 357“ со шест куршуми, а од Д.С. пиштол „Парабелум 9 милиметри“ со празна рамка што тие се обиделе да го фрлат под контејнер. Во нивното возило „Форд Ка“ со тетовски регистерски таблици пак биле пронајдени осум чаури од испукани проектили.
– Се што е пронајдено е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење, додека двајцата се задржани и се работи на расветлување на случајот по што тие ќе се соочат со соодветни поднесоци, рече Јосифоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијани полицајци ѝ дозволиле на својата малолетна другарка да вози „марица“ (видео)
-
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-
Охрид СОС обвинува: Некадарни полицајци депортирале научник со меѓународно реноме, бремена во петиот месец
-
Дваесет и двегодишен велешанец им се заканувал на доктори и нападнал полицајци