| четврток, 6 декември 2018 |

Пад од четири места за Лина Ѓорческа на ВТА-листата

lina gjorceska

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа по подолг период забележа пад на ВТА ранг-листата и од денес е 191. тенисерка на светот.

Тетовчанката претходната седмица го забележа својот најдобар ранкинг во кариерата, а воедно и најдобар во историјата на македонскиот тенис, кога се најде на 187. место, но слабите резултати во Италија беа одлучувачки за овој пад од четири места.

Сепак, Ѓорческа уште денеска има шанса да го подобри својот ранкинг, откако на турнирот со награден фонд од 250.000 долари во Бил, Швајцарија мина две квалификациски кола, и ќе се соочи со првата носителка во квалификациите Александра Сасновиќ од Белорусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top