| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер на унгарска поезија во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ на 11 април во 19 часот ќе се одржи поетска вечер посветена на унгарската поезија.

Настанот е во организација на Унгарската амбасада во Скопје и издавачката куќа „Матица македонска“. На чествувањето свое обраќање ќе имаат амбасадорот на Унгарија, Ласло Дуцк и писателот Раде Силјан, а стихови од големите унгарски поети Шандор Петефи, Атила Јожеф, Ласло Наѓ и Ференц Јухас,во препев на Паскал Гилевски ќе читаат членови на друштвото на унгарците „Теледом“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top