Српскиот премиер и избран претседател на земјата го нарекува „празник на демократијата“ протестите во Белград и низ другите градови. Тој додава дека нема проблем со тоа што луѓето излегуваат на протеси и што го изразуваат незадоволството, но се додека тоа се прави мирно.
-Ова е празник на демократијата, ги тргнавме полицијата и војската, сакаме да го покажеме слободарскиот дух на владата. Секој може да искаже незадоволство пред Владата и Собранието и тоа е во ред се додека не се загрозува уставниот поредок- изјавува Вучиќ во врска со протестите по претседателските избори во земјата на кои победи уште во првиот круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.