Денеска во 11 часот продолжува конститутивната седница на Собранието. Во четвртокот СДСМ побара со поддршка од десет пратеници да се премине на точката избор на претседател на Собранието, што не беше прифатено од претседавачот со конститутивната седница Трајко Вељаноски и од ВМРО ДПМНЕ.
Од оваа партија велат дека, според Деловникот, прво треба да заврши третата точка на дневниот ред, изборот на членовите на Комисијата за избори и за именувања. За таа точка беа пријавени 51 говорник, а расправата оди бавно поради бројните реплики и контрареплики.
Во текот на викендот ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија, и преку две изјави на претседателот на партијата Никола Груевски, се закани дека доколку СДСМ се обиде „насилно“ да избере претседател на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе одговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


