| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците тврдат: Кусите дремки не прават посреќни

maz sto spie

Британски истражувачи откриле дека дремката, не помага само одморни да го завршите денот, туку може и да ве направи посреќни.

Над 1.000 луѓе на различна возраст учествувале на интернет анкета на Единбуршкиот интернационален фестивал на науките. Резултатите покажале дека нивното ниво на среќа зависи од тоа дали и колку долго дремнуваат во текот на денот.

Учесниците биле поделени во три групи: тие кои не дремат, тие чија дремка трае помалку од половина час и тие кои дремат 30 или повеќе минути. Анализата на одговорите на психолошките прашања, покажала дека 66 отсто од учесниците кои кратко дремат покажуваат поголема продуктивност.

– Досегашните истражувања покажале дека кратката дремка од 30 минути не прави пофокусирани, попродуктивни и покреативни. Новите резултати укажуваат на можноста да можете да станете посреќни, истакнал психологот Ричард Вајсмен од Универзитетот Хертфордшир.

Вајсмен потенцира дека иако кратките дремки од 20 до 30 минути, се корисни за здравјето и подобрувањето на перформансите, подолгото спиење го изложува организмот на одредени ризици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top