Дваесетина членови на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка денеска организираа акција за искачување до кулата во село Опила, општина Ранковце и посета на водопадот Џемендере. Акцијата за искачување до кулата од изградена пред повеќе од еден век, во 1909 година, за време на владеењето на Османлиите, е десетта акција на здружението годинава.
– Направивме пресек на искачувањата на планинските врвови со денешното искачување до кулата која се наоѓа на 900 метри надморска височина. Село Опила има живописен крајолик предел , сместено е во Славишкото поле и вистинско уживање беше денешното дружење во природа на убавиот сончев ден. Покрај кулата, денес го посетивме и водопадот „Џемендере“ на Опилска Река, висок околу дванаесет метри, што ја надоплни убавата планинарска дружба изјави Соцко Тасевски од ЗПЗП „Калин Камен“.
Пред две седмици петмина членови на „Калин Камен“ го искачиле Пелистер во екстремни услови, а следна планинарска акција е искачувањето на Солунска глава, закажано за почетокот на мај. ЗПЗП „Калин Камен“ е членка на Федерација на планинарски спортови на македонија. Здружениетоброи триесет активни членови, а согласно Годишниот план за 2017 година ќе организираат вкупно 40 акции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Груевски: Се стремиме и понатаму да им служиме на граѓаните
-
Алексовски: Во Крива Паланка ќе воведеме гасификација и ќе изградиме населби за млади брачни парови
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Крива Паланка (живо)