| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја им дозволи на странците да користат мобилни телефони

Северна Кореја им дозволи на туристите да внесуваат мобилни телефони во земјата, но безбедносните правила се уште им забрануваат да имаат телефонски разговори со локалното население.

До сега Пјонгјанг бараше од туристите да ги остават нивните телефони на влез во земјата се додека не ја напуштат со што им се отежнуваше комуникацијата со надворешниот свет.

Сега посетителите можат да ги користат своите мобилни, или да купат СИМ картичка во Северна Кореја со која ќе можат да вршат и меѓународни повици.

Тоа што нема да можат да го прават е да разговараат со локалното население, нема да имаат пристап до интернет преку мобилните, како и да вртат во Јужна Кореја.

Во Северна Кореја има повеќе од милион корисници на мобилни телефони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top