| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска: Сигурни сме, го имаме терористот

Шведските власти се „прилично“ сигурни дека 39-годишник со узбекистанско потекло, кој што е осомничен и приведен, е одговорен за нападот со камионот во Стокхолм. Но, притоа не ја исклучуваат можноста за други лица вмешани во случајот.
На возачкото седиште во камионот со кој е извршен нападот е пронајден апарат, но се уште не се потврдува дали станува збор за бомба.
Според шведската разузнавачка агенција осомничениот бил следен подолго време.
-Уапсениот не бил замешан во ниеден случај од досегашните истраги, но ги имаме неговите податоци во поранешните досиеја- посочува шефот на сллужбата Торнберг.
-Ништо не укажува на тоа дека имаме погрешно лице, напротив, сомневањата се засилија со напредувањето на истрагата. Но, уште не можеме со сигурност да тврдиме дека нема други вмешани лица- додава полицијата.
Шведските власти информираа дека во истрагата за случајот работат во соработка со странски служби, но не откриваат повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top