| четврток, 6 декември 2018 |

Невин сум заради преголемиот алат

Иако модерното време многумина го оценуваат како премногу промискуитетно, има луѓе кои и во поодминати години се уште ја чуваат својата невиност. и тоа не се само жени, односно девојки. Пренесуваме дел од нивните исповеди, односно за причините за нивната „состојба“, кои се движат од асексуалност до физички маани .

„Недостапни“ партнери

Жена на 42 години цели дека во 20-тите не сакала секс со дечко бидејќи „чекала до брак“.

-Од тогаш не сум била во сериозна врска бидејќи секогаш се заљубувам во мажи кои на некој начин ми се недостапни. Сега сум во врска со маж кој е постар од мене, кој се „лечи“ од тежок развод, па врската споро напредува. Не сум му кажала дека се уште сум девица, но мислам дека тоа нема да му пречи- вели оваа жена.

Несигурност

Маж на 49 години вели дека никогаш немал секс заради „несигурноста во својот изглед“.

-Сеуште сум невин, бидејќи како дете бев „цел“ на девојчињата заради влакнестото лице. Ми требаа 20 години да застанам на нозе, но се уште не сум имал врска кооја стигнала до тоа ниво. Тоа што се уште сум сексуално неискусен не ме мачи, иако понекогаш се прашувам што пропуштам. Сексот е нешто со што општеството е опседнато, иако мислам дека секој може да живее без него- вели овој маж.

Голем пенис

-Причината зошто се уште сум невин е тоа што сум „надарен“, На жените им е тешко да се опушат во кревет со мене стравувајќи од болен секс. Искусив интимност на други начини, иамв три долги врски. Знам дека некаде постојат жени кои сакаат голем пенис, но јас се уште не сум ги запознал. Всушност поентата на сексот е взаемно задоволство. Сега имам исто чувство во врска со тоа исто како кога без тинејџер- вели 32-годишен маж.

Интровертност, кариера…

Дама која сега има 68 години вели дека првиот секс го доживеала на 42 години.

-До тогаш бев невина заради многу причини: бев интровертна, се посветив на кариерата, сакав да чекам до брак. бев среќна, имав исполнет живот и добра кариера , волонтирав и тоа емотивно ме исполнуваше. Неочекувано, на 42 години сретнав вдовец кој имаше 68 години, тоа беше љубов на прв поглед. Мојот „Прв пат“ по толку години беше чуден. Тоа беше „Космичко искуство“ вредно да се чека.

Асексуалност

-Асексуална сум и не чувствувам сексуална привлечност. Не сакам секс со никого. Понекогаш сум љубопитна бидејќи медиумите и општеството ги форсираат приказните за сексот, па ме заинтересирува дали навистина е така интересно како што велат луѓето. Но, ме загрижуваат сексуално преносливите болести и бременоста. Свесна сум дека тоа што сум невина на 40 години е необично, но мене ме ми пречи. Членувам во групата за асексуалци, па знам дека не сум сама во тоа. Не сум заинтересирана за романтични врски, а и да сум, не би се грижела бидејќи знам дека постојат уште асексуални луѓе кои би биле задоволни со асексуална врска- вели оваа 40 годишна жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top