Сите жени налетале на фраери кои тврдат дека пмразат кондоми, дека сексот со кондом не може да се спореди со сексот „на голо“, како губат чувство, не сакаат, не можат…
За ваше добро се надеваме дека ваквите евтини аргументи не минуваат и дека не прифаќате секс без заштита, особено ако е „брза врска“или сеск со некого што го гледате од време на време.
Сепак, постои и позитивна страна на тоаа што тој не сака да користи кондом. Според научниците од бристол и Саутемптон, колку повеќе го привлекувате, толку е помала веројатноста дека ќе посака да користи кондом. Односно, ако не сака да ве замисли вас и секс со кондом во иста реченица, а не пак тоа да го стори, очигледно дека премногу го привлекувате.
Објаснување?
Авторите на студијата даваат две можни објасненија. Првото е дефка мажите сакаат деца со жени кои им се претерано привлечни па (под)свесно одбиваат заштита, а второт е дека секс со преубава жена им е работа поврзана со престижот па се подготвени на многу поголем ризик од обично.
Во секој случај, нека ви годи тоа што не сака да стави кондом кога е со вас, но сеедно, не му прогледувајте низ прсти!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.