Сабота е ден за секс иако во спалните соби не е досадно ниту во недела или петок- покажува истражување на британскиот портал Лавхани. Но британските весници се уште попрецизни, па наведуваат дека сексуалната возбуда достигнува врв првиот ден од викендот околу 16,33 часот, но и покрај тоа најмногу парови водат љубов дури во 19,37 часот.
Таа разлика од три часа покажува дека паровите ретко спонтано се впуштаат во секс, туку тоа го прават плански. Тоа го практикуваат скоро половина парови, а вината за тоа е преполниот распоред кој не дозволува уживање во утринскиот секс кој е толку посакуван.
Дури 62 проценти се трудат да бидат романтични на договорените состаноци, па затоа минуваат викенди во патувања. Фина вечера, гледање филм, интимен разговор или излегување се прекрасни предигри, но претежно без алкохол. Само петтина од паровите пијат пред секс.
Иако не звучи романтично, планираниот секс не е лоша идеја. редовниот секс ги врзува партнерите, а е и еден од клучните елементи во браќната среќа.
Но освен часовникот, сексот зависи и од – Календарот. Две третини од паровите сакаат секс на лето, најмалку во есен, а зимата и пролетта го делат второт место на скалата „време за секс“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.