| четврток, 6 декември 2018 |

Криминалците повторно удрија по полицијата: Во силна експлозија уништен автомобилот на полициски началник

При силна експлозија, која рано утринава ги растревожи жителите на црногорскиот град Бар, уништен е приватниот автомобил на полициски началник во градот, јави Танјуг, повикувајќи се на весникот „Вијести“.

– Криминалците повторно удрија по полицијата – пишува весникот.

Експлозијата се случила утрово во 4 часот во паркингот на зградата, која се наоѓа зад зградата на судот. Оштетени се уште два автомобила, кои биле паркирани до уништемиот „Голф”.

Во тек е истрага за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top