| четврток, 6 декември 2018 |

Млад прилепчанец ги нападнал мајка си и баба си

Четириесет и едногодишна прилепчанка синоќа во Полициската станица-Прилеп пријавила дека дента околу 17 часот во семејниот дом нејзиниот син почнал вербална расправија и физички ја нападнал.

Како што соопшти денеска МВР, жената пријавила дека синот ја удирал со раце и нозе по телото и оти и нанел повреди.

Во обид да ги смири мајката и синот, се вмешала и бабата, но и таа била физички нападната. Внукот и нанел тешки телесни повреди (фрактура на десна подлактица).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top