Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
– Република Македонија, години наназад, активно работи на подобрување на севкупната положба на Ромите во сите сфери на општественото живеење. Но, подобрувањето на поширокиот економски и социјален статус на Ромите е незамислив надвор од образовниот контекст, стои во честитката.
Секојдневните искуства и истражувања, наведува Иванов, покажуваат дека токму образованието претставува основен предуслов за решавање на проблемите од современото живеење.
– Низ ангажман на надлежните институции и потенцирање на неопходноста од едукација на лицата кои живеат во недоволно развиените подрачја ќе се подобрат условите за живот. Затоа повикувам да се погрижиме и на секому да му дадеме можност да биде дел од овој процес. Реалното интегрирање во општеството на припадниците на одредени етнички заедници придонесува за решавање на постоечките предизвици, се вели во честитката.
Иванов во честитката посочува дека и понатаму ќе се вклучува во сите предизвици за заедничко и посветено надминување на предрасудите.
– Подобрувањето на севкупната положба на Ромите значи и ангажман за промовирање на недискриминацијата преку почитување на традиционалните вредности и длабокото разбирање на културните особености со цел меѓусебно разбирање, истакнува Иванов во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст