| четврток, 6 декември 2018 |

Робин О Нил: Зачленувањето на Македонија под ПЈРМ во ОН е аномалија во меѓународното право и светската историја

Обединетите нации направија најголема грешка воопшто во светската политика и во нејзината историја како и повреда на меѓународното право во изминатите 24 години, признавајќи независна демократска земја како што е Република Македониј под едно нелогично и смешно име, познато како „Поранешна југословенска република Македонија“, што беше спротивно од волјата на македонскиот народ искажана на референдумот на 8 септеври 1991 или денот на независнотсна Македонија и кога Македонците едногласно се изјаснија за името на државата-Република Македонија“.

Ова го изјави поранешниот медијатор во грчко-македонскиот збор околу разликите за името, британскиот амбасадор Робин О Нил за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија, по повод 24 години од зачленувањето на Македонија во ООН под референцата ПЈРМ.

– Таа „аномалија“ требаше да се коригира пред многу години.!“, категоричен е О Нил.

Според британскиот дипломат, се повеќе и повеќе земји сега ја имаат признaено Македонија под нејзиното уставно име согласно меѓународното право.

О Нил вели дека Македонците треба да опстојат во одбараната на уставното име и македонскиот идентитет.

– Порачувам до сите Македонци каде и да се во светот, вклучувајќи и во татковината Република Македонија, и натаму да застанат цвсто во одбраната на уставното име, бидејќи уште еднаш ќе повторам и ќе нагласам име диктирано од Грција или од кого и да е друг ќе го уништи идентитетот на македонскиот народ!, нагласува О Нил.

Тој смета дека Република Македонија треба јасно да се заложи во ОН да и биде признаено уствното име.

– Единствениот начин на кој Република Македонија ќе биде призната во ОН под нејзиното правилно име е Владата да побара тоа да се направи веднаш без  понатамошно одлагање!, вели поранешниот медијатор во грчко-македонскиот збор околу разликите за името, британскиот амбасадор Робин О Нил, за Програмата „Гласот на народот“ на Ради Слободна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top