Шведската полиција пронашла експлозив во камионот, кој влета во толпа народ пред стоковна куќа во центарот на Стокхолм, при што загинаа најмалку четири лица, а повредени се 15.
Шведската телевизија СВТ изформира дека полицијата во камионот пронашла вреќа со експлозив.
Но во исто време, шефот на шведската безбедносна служба одби да потврди дека е пронајден експлозив во камионот.
Инаку во Шведска денеска е Ден на жалост, а знамињата на владините згради ќе бидат спуштени на половина копје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.