| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските тенисери ќе играат во баражот за втората Евро-африканска зона на Дејвис купот

Македонската тениска селекција ќе играат во баражот за место во втората Евро-африканска зона на Дејвис купот.

Томислав Јотовски и ја донесе втората победа на Македонија во мечевите против селекцијата на Молдавија, што воедно значеше и втора победа за нашата тениска селекција во Б групата од третата Евро-африканска зона на турнирот кој се одржува во Созопол, Бугарија.

Јотовски утринава го доигра мечот против Андреј Цјумак, кој вчера беше прекинат поради темница. Тој дојде до убедлив триумф од 2-0 во сетови 6:3 и 6:2.

Потсетување дека вчера Димитар Грабул и донесе почетно водство на Македонија во со убедлива победа над Максим Булат со 6:1 и 6:1.

Претходно, црвено-жолтите гио совладаа Малта со 2-1 и Исланд со 2-0, а со оваа победа над Молдавија го осигураа првото место во групата, а со тоа и пласман во баражот за влез втората Евро-африканска зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top