Докторката Николина Балабан од болницата во Бихаќ во Бих, вчера е уапсена по налог на босанското Обвинителство. Против докторката е поднесена кривична пријава за тешко кривично дело за работење против здравјето на луѓето, односно за несовесно лечење.
Босанските медиуми објавија дека уапсената докторка се поврзува со низа на сомнителни случаи на лечење.
Последниот е од овој март, кога на 32-годишната Армина Рекиќ ја обвинила за погрешна прогноза. Докторката дијагностицирала рак на матката, по што оперативно и била отстранета. Пациенката по операцијата примала и хемотепапија и била на зрачење, но по патолошката анализа на отстранетото ткиво, се покажало дека таа воопшто немала малиген тумор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.