| четврток, 6 декември 2018 |

Важни лекции за сексот

Сексот е потреба која целиот свет ја има, а сепак повеќето од нас сè уште не се чувствуваат удобно да зборуваат на таа тема. Но, ако не сакате да зборувате, барем редовно едуцирајте се и искористете го знаењето за да имате повозбудлив и поисполнет сексуален живот.

1. Вашите сексуални фантазии, колку и да ви изгледаат чудни и перверзни, не ве прават чудак.

2. Не мора да сте заљубени за да имате добар секс.

3. Не само што е дозволено, туку е и пожелно да му дадете до знаење на вашиот партнер што е тоа што ви се допаѓа, а што не ви се допаѓа во кревет.

4. Не прифаќајте да правите работи кои не ви се допаѓаат.

5. Никогаш не се заблагодарувајте за секс, дури и кога е фантастичен. Сексот е ваше апсолутно право, не подарок или услуга за која треба да кажете „фала”.

6. Луѓето во текот на сексуалниот чин не ги забележуваат целулитот, влакната, бодликавата брада и останатите „недостатоци” на човечкото тело.

7. Од сексот не треба да се срамите, ниту да жалите што се случил.

8. Ентузијазмот и храброста се две карактеристики кои е многу пожелно да ги употребите во сексуалниот живот.

9. Практикувајте одвреме-навреме да испробувате нови работи во сексот.

10. Порнографските содржини се возбудливи за многу луѓе. Изберете го она што ви е по вкус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top