Во еден од најновите текстови, магазинот „Popular Science“ објаснува како еден гениј создал мит кој е несоборлив до ден денеска.
Лајнус Полинг, добитник на две Нобелови награди, придонел за откривање на природата на многу хемиски врски, ја препознал анемијата на српестите клетки како молекуларна болест, внел револуција во поимањето на еволуцијата на приматите, разјаснил некои од најчестите протеински структури и е познат како „татко на молекуларната биологија“.
Сепак, придонел и за ширење на една од најгилемите заблуди на сите времиња – тврдењето дека витаминот Ц спречува настинка.
За лековитите својцтва на витаминот Ц Полинг првпат слушнал од маж со сомнителна експертиза, доктор Стоун, кој во тоа време тврдел дека доза од 3000 милиграми може да ја излекува речиси секоја болест.
Двајца научници дури и спровеле неквалитетно клиничко истражување кое наводно го докажало тврдењето иако многу научници тврделе дека има бројни недостатоци, бидејќи во стар учесниците во истражувањето кои редовно земале витамин Ц биле поздрави од просечни поединци, што значи дека добиените резултати се неминовно подобри.
Сепак, ова не го поттикнало Полинг да го промени своето мислење. Кога во 1970 година ја објавил книгата „Витамин Ц и настинката“, американската јавност полудела за новото четиво од причина што ја објавил гениј кој примил две Нобелови награди.
Научникот тврдел дека високи дози на витаминот Ц лекуваат се – од срцев удар до рак, а јавноста поверувала иако реномирани медицински организации во тоа време ги прогласиле неговите тврдења за неосновани. Иронично, Полинг самиот умрел од рак на простата во 1994 година, неколку години откако неговата сопруга умрела од рак на желудник.
Значи, да биде јазно – витаминот Ц не спречува настинка, уште помалку рак, пишува „Popular Science“. Резултати одбројни студии покажуваат дека може да го намали траењето на настинката, но ако се пие пред да настапи, а неговото дејство изостанува ако почне да се пие откако ќе настапи настинката.
Можно е да го подобрува дејството на некои терапии против канцер, но истражувањата покажале дека може да го инхибира дејството на други терапии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација
-
Тетовка ветувала вработувања во администрација, пет лица останале и без пари и без работа