| четврток, 6 декември 2018 |

„Нападнат е нашиот начин на живот“ светската заедница сочувствува со Шведска

Светските лидери го осудија нападот во Стокхолм, Шведска, кој се случи денеска попладне, кога камион влета во шопинг- уличка полна со луѓе, предизвикувајќи смрт и повреди.

„Нашите мисли се со луѓето во Шведска по трагичниот настан во Стокхолм. Во име на Европската комисија сакам да го испратам моето искрено сочувство до семејствата на жртвите како и мојата почит на храбрата работа на првите лица кои пристигнаа на сцената“ гласи пораката на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

„Еден од европските најживописни и шарени градови е под напад на оние кои посакуваат да наштетат на нашиот начин на живот. Стоиме рамо до рамо во солидарност со граѓаните на Шведска и шведските авторитети може да сметаат на помош од Европската комисија на било кој можен начин. напад врз било која наша земја членка е напад врз сите нас“- додава Јункер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск преку Твитер порача дека неговото „срце е во Стокхолм“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го осуди нападот.

„Го осудуваме денешниот насилен напад во Стокхолм. Наше сочувство до семејствата на жртвите и на сите кои се погодени од теророт и се надеваме дека повредените брзо ќе закрепнат. Обединетите Нации стојат во солидарност со народот и владата во Шведска. Се надеваме дека одговорните за нападот брзо ќе бидат изведени пред правдата.

Пораки со сочувство испратија и норвешката премиерка, шпанскиот премиер, францускиот претседател Франсоа Оланд и многу други.

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен рече дека ова е „ден на жалост“.

„Предизвикува болка во нашите срца чинот дека нашите шведски роднини биле цел на ваков гнасен напад. Кукавички обид да не потисне нас и нашиот мирен начин на живот во Скандинавија. Тоа е ден на жалост, но истовремено и ден на волјата, подготвеноста да се изборат со темнината“- додаде данскиот премиер.

Белгискиот премиер Шарл Мишел напиша дека неговата земја верува дека “во издржливоста на шведскиот народ”.

Рускиот претседател Владимир Путин во меѓувреме испрати сочувство до Кралот Карл Густав XVI.

„Ваше Височество, Ве молам примете го нашето длабоко сочувство за трагичните последици од терористичкиот напад во Стокхолм. Граѓаните од нашата земја имаат лично искуство со хороро од меѓународниот тероризам. Во ова тежок час во болка, Руусите патат заедно со граѓаните на Шведска“, се пренесува телеграмата на рускиот претседател Путин до шведскиот Крал Карл Густав XVI.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top